(ВИДЕО) Супер атракција преку играч: Летечкиот Рендолф со спектакуларно забивање го одушеви светот

Кошаркарите на Реал Мадрид сосема очекувано славеа на гостувањето кај Естудиантес со 96:88 во Ендеса лигата, но овој меч нема да остане запаметен по резултатот туку по спектакуларната атракција на асот на „кралевите“, Ентони Рендолф.

Центарот во финишот на првата четвртина имаше мега забивање, притоа прескокнувајќи го противничкиот играч Џамар Вилсон. Овој брилијантен потег на Рендолф за брзо време стана хит на социјалните мрежи и го обиколи светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e