Рома го победи Палермо со убедливи 4:1 на вчерашниот меч со кој беше затворено деветтото коло во Серија А, а покрај интересните ситуации на теренот, Лучијано Сплаети се погрижи и за неверојатно шоу на прес-конференцијата по натпреварот.
Тренерот на Рома остана шокиран од прашањето кое му го постави еден од новинарите, но ако во прв момент се плесна по глава, потоа одлучи да си ја мава главата од маса за да долови колку глупаво и непотребно било тоа што му беше кажано.
Новинарот ја нагласи изјавата на Спалети од пред неколку дена преку која тренерот на Рома потенцираше дека е тешко да се работи во животна средина како во Рим, на што Лучијано изреагира бесно и помалку во неверица.
– Кој си ти, кој те прати? Кажи ми кој те прати, за кого работиш…., – почна да прашува тренерот на Рома откако неколку пати си ја удри главата од маса.
