(Видео) Шоуто на нашиот голман во Флензбург: Како Борко ја „спушти ролетната“ и го реши германскиот гигант

Шпанскиот гигант Барселона по Кил (26-25) доби и уште еден голем бундеслигаш Флензбург и тоа на негов терен со 28-27, во натпревар во кој блескаше нашиот репрезентативец Борко Ристовски.

Ристовски ја „спушти ролетната“ и со фантастични одбрани ги откажа и излуде германците особено во првото полувреме во кое ги спречи половина од ударите на противникот. На крајот нашиот ас имаше 43 проценти успешност на одбраните удари со што ја доби битката со неговиот колега Матијас Андерсон (41 проценти).

Во продолжение погледнете го шоуто на македонскиот голман во Германија.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e