(ВИДЕО) Роналдо го прокоментира најдобриот гол во кариерата и предизвика бес меѓу фановите на Барселона

Пред две недели, шпанските медиуми не заборавија да ја одбележат 20-годишнината од фудбалското ремек-дело на Роналдо кое своевремено предизвика позитивен фудбалски „земјотрес“ на Пиринеите, но ова попладне легендарниот бразилски фудбалер предизвика многу коментари и бес меѓу фановите на Барселона коментирајќи го токму споменатиот гол.

Во излагањето кое го имал за „Мовистар+“, на Роналдо му бил пуштен голот кој го постигна против Компостела во 1996 година како член на Барселона, а Бразилецот истакнал дека иако тој погодок можеби е и најдобар во неговата кариера, сепак жали што не го постигнал како фудбалер на Реал Мадрид.

– За да го постигнеш тој гол, мора да имаш претходно направена перфектна визија на теренот бидејќи немаш време за размислување. Тоа беше навистина убав гол, но сепак жалам за едно нешто поврзано со истиот. Жалам што истиот не го постигнав како фудбалер на Реал Мадрид, – истакнал Роналдо, чија изјава предизвика голем бес меѓу фановите на Барселона, а од каталонските медиуми е протолкувана како директна провокација.

ronaldo-kompostela

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e