Реал Мадрид по триумфот над Вилјареал (2:1) на едно коло пред крајот во шпанската фудбалска Примера ја прослави 34. шампионска титула во домашното првенство. За „кралевите“ ова беше 34. шампионска круна во Шпанија, која доаѓа по пауза од три сезони. Прославата „кралевите“ ја почна на теренот пред празните трибини.
Главната улога во оваа прослава ја имаше капитенот Серхио Рамос кој го крена шампионскиот пехарот, а потоа ги организира своите соиграчи да го „фрлаат“ во воздух, тренерот Зинедин Зидан.
-Сè што допира Зидан се претвора во златото. Тој е тој што направи разлика, тој им верува на играчите. Тој е единствен и се надевам дека ќе остане во клубот долго време, порача Рамос.
Додека фудбалерите се шегуваа и смееја, радуваа на успехот, на страна како да не беше дел од тимот остана искусниот скап платен велшки интеранционалец Герет Бејл, кој заработува по 1,5 милиони евра месечно, но не ја има саканата минутажа, се издвои од групата која ја славеше. Него го придружуваше уште еден сакпо платен соиграч Хамес Родригес со кого настаните на теренот ги следеа одстрана.
Celebrating our beautiful coach 🤴 #zidane #RealMadrid pic.twitter.com/FHtbqXz5JJ
— Real Madrid Info ³⁴ (@RMadridInfo) July 16, 2020
