(ВИДЕО) Погба го реши дербито во Амстердам

Дерби натпреварот од денешната квалификациска ноќ за СП во Русија се одигра во Амстердам каде силите ги одмерија репрезентациите на Холандија и Франција, а на крајот и повеќе од заслужено победа славеше актуелниот европски вицешампион изразена со минимален резултат 1:0.

„Бомбата“ на Погба, а воедно и грешката на холандскиот голман Стекеленбург во 30-та минута се покажаа како клучни за конечниот резултат на овој натпревар, иако мора да се напомене дека Французите имаа и неколку добри шанси за гол да си заминат со посигурна победа од тешкото гостување. Вреди да се одбележи дека Холанѓаните беа оштетени за пенал во првото полувреме кога Скомина не виде чисто играње со рака на Косчелни во сопствениот шеснаесетник, како и шансата која му се укажа на Депај за израмнување во 89-та минута.

Од поинтересните натпревари, секако за одбележување за високите победи на Португалија и Белгија, селекции кои интересно со идентични 0:6 славеа на гостувањата кај Фарски Острови, односно Гибралтар.
Дваесетгодишниот Андре Силва постигна хет-трик во периодот од 12-та до 37-та минута и стигна до својот импресивен четврти гол на четвртиот меч за најсилната селекција на Португалија, и на тој начин му го украде шоуто на Роналдо кој заедно со Мутињо и Кансело ги поставија конечните 0:6.

За Белгија пак, херој беше Бентеке кој покрај тоа што стана најбрз голгетер во историјата на квалификациските натпревари, го заврши овој меч и со постигна хет-трик, а уште во листата на стрелците се запишаа Азар, Мертенс и Витсел.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e