(ВИДЕО) Нови бледи партии на Манчестер јунајтед и Интер

Синоќа се одигра четвртото коло од Лига Европа.

Фенербахче со 2-1 пред своите фанови славеше над Манчестер јунајтед, а со ист резултат Саутемптон го совлада Интер на Сент Мерис.

Во Истанбул, „Црвените Ѓаволи“ одново разочараа, одиграа под очекувањата и доживеаа нов пораз.

Избраниците на Жозе Мурињо капитулираа по само две минути, Соу со ножички биеше неодбранливо под пречката за 1-0.

Давид Де Геа одново беше матиран по еден час игра, голманот ниту овој пат ништо не можеше да стори откако Ленс биеше извонредно од слободен удар.

Вејн Руни со проектил од 25 метри во завршните мигови постигна само почесен гол за Манчестер јунајтед.

Интер не издржа на Сент Мерис, Саутемтон со пресврт во вториот дел славеше со 2-1.

Икарди го отвори резултатот во 33. минута, се снајде најдобро по една мешаница и ја затресе мрежата на домаќините.

Хандановиќ ја одржа предноста на Интер во првиот дел, откако во завршните мигови го одбрни ударот од белата точка на Тадиќ.

Сепак, голманот на Интер не можеше да стори ништо во 64. минута, Ромеу ја погоди пречката а одбиената топка Ван Дијк ја смести во мрежата.

Пет минути подоцна, Нагатомо несмасно реагираше и си постигна автогол за предност на Саутемптон од 2-1.

Резултати 4. коло Лига Европа:

Виљареал – Османлиспор 1:2
Спарта Прага – Х. Бер Шева 2:0
Саутемптон – Интер 2:1
Шалке – Краснодар 2:0
ПАОК – Карабак 0:1
Панатинаикос – Стандард 0:2
Ница – Салцбург 0:2
Гент – Шахтар 3:5
Фиорентина – Либерец 3:0
Брага – Коњаспор 3:1
Ајакс – Селта 3:2
М. Тел Авив – АЗ Алкмар 0:0
Габала – Сент Етјен 1:2
АПОЕЛ – Јанг Бојс 1:0
Зенит – Дандал 2:1
Австрија Виена – Рома 2:4
Астра – Викторија Плзењ 1:1
Фенербахче – Манчестер јунајтед 2:1
Андерлехт – Мајц 6:1
Атлетик Билбао – Генк 5:3
Сасуоло – Рапид 2:2
Зорја – Феенорд 1:1
Астана – Олимпијакос 1:1
Цирих – Стеуа 0:0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e