После погодокот против Италиа, а по одличните настапи во дресот на Палермо, Илија Несторовски експресно стана миленик на навивачите, а дел од нив денеска решија да ја искористат можноста да поразговараат, да се фотографираат или да добијат автограм од македонскиот репрезентативец.
Италијанскиот клуб ја продолжи традицијата за средби на фудбалерите со фановите во официјалната продавница на Палермо, а денеска главна ѕвезда беше Несторовски за кого стотици навивачи трпеливо чекаа во ред за да ја остварат својата цел.
За поврзани вести продолжете надолу