(ВИДЕО) Меси се врати во голем стил, Барселона ја среди Ла Коруња

Барселона второ коло по ред се соочи со тим од Галиција, но ако пред две недели доживеа незгоден пораз на гостувањето на „Балаидос“ кас Селта Виго со 4:3, денеска без никакви проблеми се справи со Депортиво Ла Коруња која едноставно немаше што да бара на „Камп Ноу“.

Бразилецот Рафиња ги стави работите на свое место уште по 36 минути игра со двата гола кои ги постигна во мрежата на Херман Лукс, а прашањето околу победникот беше решено уште пред самиот крај на првиот дел кога во листата на стрелците се запиша Суарез.

Добрата претстава на каталонскиот гигант не мина без присуството на Лионел Меси кој доби шанса во 55-та минута, а доволни му беа да мине само три минути на теренот за да се врати во голем стил и со феноменална завршница да зголеми на 4:0. Ова на крајот се покажа како конечен резултат на натпреварот, и покрај тоа што Барселона во продолжение имаше уште неколку огромни шанси за гол, од кои дури три не искористи Пако Алкасер кој никако да го постигне деби голот во дресот на каталонскиот гигант.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e