Четири победи на домаќините и четири победи на гостите е епилогот од осумте натпревари од групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампионите со кои беше комплетирана третата рунда во најелитното натпреварување.
Во дербито на вечерва Барселона го прегази Манчестер Сити со 4-0. Свое шоу имаше Лионел Меси кој постигна хет-трик и изнуди пенал кој не го реализираше Нејмар. Потоа Бразилецот се поправи и во свој стил го постави конечниот резултат.
На овој дуел на „Камп Ноу“ паднаа и неколку повреди (Алба, Пике,Забалета), но и два црвени кои ги добија Браво (Сити) поради играње со рака надвор од шестнаесетникот и Матје кој за две минути доби два жолти картони.
Во истата група Борусија Менхенгладбах оствари гостинска победа од 2-0 на жешкото гостување кај Селтик.
Арсенал ја забележа највисоката победа вечерва, а настрада Лудогорец кој прими шест парчиња во својата мрежа. Се започна од Санчез во 12 минута, па потоа стрелаа Волкот, Чембрлен, Озил, Озил и повторно Озил.
ПСЖ ја оправда фаворитската улога и со 3-0 го победи Базел со што со Арсенал се на делба на првата позиција во групата А.
Резултати:
Група А: Арсенал –Лудогорец 6-0, ПСЖ-Базел 3-0 Табела: Арсенал, ПСЖ по 7 бода, Базел и Лудогорец по еден
Група Б: Наполи-Бешикташ 2-3, Динамо Киев-Бенфика 0-2 Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1
Група Ц: Барселона –Манчестер Сити 4-0, Селтик-Борусија М 0-2 Табела: Барселона 9, Сити 4, Менхенгладбах 3, Селтик 1
Група Д: Ростов-Атлетико М 0-1, Баерн М-ПСВ 4-1 Табела: Атлетико 9, Баерн 6, ПСВ и Ростов по еден бод