(ВИДЕО) Лестер продолжува перфектно во ЛШ, Јуве со играч помалку до победа кај Лион

Лестер го продолжува настапот од соништата во Лигата на шампионите, три од три за дебитантот, Јувентус со играч помалку дојде до трите бода од гостувањето кај Лион.

Јувентус освои три бода на гостувањето кај Лион откако победи со минимални 1-0.

Францускиот тим имаше голема шанса да поведе во 35. минута, но Лаказет не успеа да реализира пенал.

По девет минути игра во второто полувреме Јувентус остана со играч помалку откако Лемина заработи втор жолт картон.

Но и покрај тоа, Квардадо погоди на 15 минути до крајот за победа на Јувентус од 1-0.

Лестер со гол на Махрез во 40. минута го победи ФК Копнехаген и го продолжи настапот од соништата во Лигата на шмпионите, со три триумфи од три натпревари.

Реал Мадрид очекувано лесно со 5-1 ја совлада Легија. По еден гол постигнаа Бејл, Асенсио, Лукас и Мората, а еден беше автогол на Јодлевец по шут на Марсело.

Борусија Дортмунд со 2-1 славеше гостинска победа кај Спортинг Лисабон. Обамејанг и Веигл беа стрелци на головите за германскиот тим, Цезар погоди за екипата од Лисабон.

Порто со гол од пенал во 93. минута дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Клуб Бриж. Севиља со 1-0 славеше против Динамо во Загреб. Немаше голови на натпреварот помеѓу Леверкузен и Тотенхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e