(Видео) Интер и Манчестер со пораз ја започнаа Лига Европа

Шампионот на Израел приреди изненадување и со 2-0 славеше на гостувањето во Милано против Интер во првото коло од Лига Европа.

„Нероаѕурите“ никако да влезат во серија добри резултати, по победата на Пескара во неделата, Интер вечерва загуби пред своите фанови во дуелот со Хапоел Бер Шева.

Гостите од Израел беа аутсајдер, но со храбра игра му оддржаа фудбалска лекција на Интер и со два гола во вториот дел стигнаа до победа од 2-0.

Резултатот беше отворен во 54. минута, по една одлично воиграна акција од слободен удар, Витор се најде осамен на подалечната статива и рутински ја смести топката во мрежата на Хандановиќ.

15 минути подоцна голманот на Интер одново капитулираше, овој пат Бузагло биеше прекрасно од слободен удар за победа на Хапоел Бер Шева од 2-0.

Нов пораз за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед, „Црвените Ѓаволи“ загубија со 1-0 на гостувањето кај Феенорд.

„Специјалниот“ во пресрет на натпреварот беше искрен и призна дека не сака да биде во Лига Европа, па направи дури осум промени во составот за вечерашниот дуел со Феенорд.

Манчестер јунајтед не импресионираше со играта, а работите не се променија ниту пак кога во вториот дел на теренот истрча Златан Ибрахимовиќ.

Наместо да атакуваат на победа во завршниот дел од средбата, „Црвените Ѓаволи“ се најдоа во негатива.

По една загубена топка на средината, Феенорд преку брз против напад постигна гол преку Тони Вилена за голема победа на домаќините од 1-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e