Играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал е повторно во Чиле за Божиќните и новогодишните празници.
Халфот беше пречекан од локалните новинари и зборуваше за неговата ситуација на „Камп Ноу“.
„Мојот агент ги следи работите, но јас сум добар во Барселона, среќен сум. Кога ќе се вратам, ќе видиме. Сега сакам да бидам со семејството. Тогаш ќе се вратам и ќе донесам одлука“, изјави играчот од средниот ред на „блаугранас“, цитиран од шпанските медиуми.
„Јас ќе продолжам да ги искористам можностите што ги добивам од тренерот и да бележам. Се надевам дека можеме да ги кренеме трофеите, за кои се бориме“, рече Видал.
Артуро има пет прецизни удари во Ла Лига оваа сезона и петте завршија во мрежата.