Венгер: Девет поени се премногу разлика за Сити по 12 натпревари

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го даде својот коментар по победата од 3:1 на Ливерпул против Манчестер Сити.

Французинот изјави дека менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола веројатно ќе остане страшно разочаран по поразот.

„Прво, губењето во толку голем меч е страшно“, започна Венгер.

„Вие ја видовте реакцијата на двајцата менаџери вечерва. Можете да видите колку се под притисок и колку ваков натпревар им значи на двајцата. Пеп ќе си оди дома апсолутно разочаран, повеќе отколку што мислите. Девет поени се премногу разлика за Манчестер Сити по 12 одиграни натпревари“, изјави Венгер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e