Вечерва од 20 часот и 30 минути во салата Јасмин во Кавадарци, Кошаркарската репрезентација на Македонија, во рамките на 3-тото коло од групата Г во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година ја пречекува селекцијата на Унгарија.
Унгарците важат за сериозни кандидати за директен пласман на Евобаскетот во 2017. Тие во првите два натпревари имаат две победи.
Нашите кошаркари пак имаат една победа против Луксембург и пораз од Велика Британија.
Македонија на вечерашниот натпревар ќе биде ослабена со неиграњето на повредениот Дамјан Стојановски. Неговото место во тимот ќе го завземе Адем Мекиќ.