Вардарки останаа без искусната Суслина

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар во наредниве осум месеци нема да може да смета на искусната голманка, Ина Суслина.

Таа подолго време имаше проблеми со коленото, поточно со менискусот, но дури денеска и беше извршен успешен хируршки зафат во Германија. Според информациите периодот на рехабилитација е меѓу шест до осум месеци што значи наредниов период товарот на голманската позиција во Вардар ќе го износат Французниката Лејно и Бразилката, Песоа.

„Црвено-црните“ во првите два меча во Лигата на шампионите забележаа победа и реми пред своите гледачи, а наредниов викенд и гостваат на Астраханочка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e