Вардар ја забележа четвртата победа во низа во СЕХА лигата, совладувајќи го Целје со 40:29 (20:13) во натпреварот од петтото коло на регионалното ракометно натпреварување.
Пред 1.000 гледачи во салата „Златорог“ во Целје, неизвесно беше само првата половина од првото полувреме, по што следуваше серија од 6:0 на „црвено-црните“, за која најзаслужен беше Тимур Дибиров со четири гола за водство од седум разлика, кое беше зачувано до паузата.
Дури на средината од вториот дел, домашниот тим успеа да намали на пет разлика, но потоа избраниците на Раул Гонзалез го засилија темпото и брзо направија и двоцифрена разлика за на крајот да славата со 11 гола предност.
Дибиров со осум гола од исто толку шутеви беше лидер кај Вардар, следен од Фереира со шест и Борозан со пет. Вардар е лидер на табелата во СЕХА лигата со 13 бода од пет меча, четири повеќе од второпласираниот Целје, кој, исто така, има пет меча. Третопласираниот Мешков Брест има седум бода од три меча.
За поврзани вести продолжете надолу