Вардар нуди можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

Европскиот ракометен првак Вардар почнувајќи од денес па се до 26 јуни организира „Отворени денови“ во кои сите фанови на „црвено-црните“ и воопшто љубители на спортот ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот освоен во Келн.

Заинтересираните фотографирањето ќе можат да го направат во периодот од 15 до 20 часот.

Вардарци пред дваесетина дена по вторпат го освоија трофејот во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала, известуваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e