Вардар го положи првиот испит во ЛШ

Најквалитетната македонска ракометна екипа, Вардар го положи првиот испит во новата сезона во Лигата на шампионите.

Нашиот претставник на својата премиера славеше на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад со 28-23, односно победи со идентична разлика како и на минатогодишниот дуел во истата арена (30-25).

„Црвено-црните“ беа во резултатска негатива од еден до два гола 16 минути, по што ја преземаа контролата, водстото и не го испуштија до самиот крај. Душебаев со седум и Карачиќ со пет беа први стрелци кај нашиот првак, додека кај Кристијанштад што се однесува до погодоците прво име беше Хенингсон (седум).

Во второто коло на 1 октомври Вардар е домаќин на Мешков Брест од Белорусија.

Извор: Дерби

За поврзнаи вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e