Вардар победи со 26:24 против Металург и го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија.
Вардар беше доминантен, водеше во текот на целиот меч, на полувремето резултатот беше 16:10, а заврши со 26:24.
Горбок и Дибиров постигнаа по шест гол, Калараш даде четири, кај Металург Додиќ беше најефикасен со пет, Јагуриновски постигна четири.