Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, жали за поразот од Леванте (1:3) на денешниот натпревар во Шпанското првенство и е лут на своите играчи затоа што во второто полувреме примија три гола за седум минути.
„Да се примат два гола за две минути е многу болно. Со резултат 1:2 бевме уште во игра, ни требаше само еден гол за реми. Но резултатот 1:3 нè сруши. Посебно по поништениот гол на Меси“, изјави Валверде.
Тој призна дека Каталонците тешко играат на гости.
„Имаме одредени проблеми на гостински натпревари. Дома играме добро, но на гости играме така што мора да се мачиме. Во првото полувреме, повеќе или помалку го контролиравме натпреварот. И кога противникот излезе напред, тешко беше да се врати. Ова не беше наш ден“, дополни Валверде.