УЕФА ја казни Шкендија со 15.000

Македонскиот вицепрвак Шкендија заработи парична казна од УЕФА во висина од 15.000 евра за лоша организација на натпреварот против Гент во рамките на плејоф-колото од Лигата на Европа. Дисциплинската комисија на УЕФА најде повеќе замерки во однос на организацијата на овој меч.

Шкендија дозволила дел од навивачите да влезат на теренот непосредно по завршувањето на мечот, додека актерите се уште биле долу. Фановите на Шкендија фрлале и тврди предмети на теренот, употребувале дискриминаторски и националистички слогани, а исто така блокирале и дел од скалите на трибините, кои според правилата на УЕФА секогаш мора да бидат слободни.

Во Европа вакви пропусти секогаш се казнуваат, а Шкендија ќе мора да уплати 15.000 евра на сметката на Европската куќа на фудбалот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e