УЕФА ги избра најдобрите во ЛШ во последните 20 години

УЕФА ја објави идеалната постава во Лигата на шампионите во последните 20 години. Фановите учествуваа во изборот со гласање на веб-страницата на Европската централа.

Најмногу играчи се од екипата на Барселона – Лионел Меси, Андрес Иниеста, Чави Ернандез, Жерард Пике, Тиери Анри и Карлес Пујол. Анри исто така беше дел од тимот на Арсенал.

Серхио Рамос, Икер Касиљас и Кристијано Роналдо се претставници на Реал Мадрид, при што последниот играше за Манчестер Јунајтед, а голманот запиша дуели на турнирот и за Порто.

Филип Лам и Стивен Џерард ја комплетираат идеалната 11-ка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e