УЕФА делегира судии: Мечот Полска – С. Македонија за Шпанецот Лахоз

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Полска и Северна Македонија во недела во Варшава ќе го суди еден од најдобрите шпански судии, Антонио Лахоз.

Европската фудбалска асоцијација делегира познат и искусен судија за мечот што е од исклучително значење за двата тима. Полјаците со победа ќе обезбедат место на ЕП 2020, македонската селекција, пак, ќе биде уште поблиску до директен пласман на турнирот.  

Овој 42-годишен арбитар веќе цела деценија ја дели правдата на дерби натпреварите во шпанската лига. Беше дел од судиите и на СП 2018 во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди и на дербито во ерменскиот шампионат меѓу Пјуник и Арарат. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e