Франческо Тоти нема да може да навива за својата Италија на Светското првенство во Русија, но сигурно ќе ги следи случувањата на мундијалот со големо внимание.
Легендата на Рома и светскиот фудбал има своја прогноза и околу шампионот.
– Шпанија има силна екипа и квалитетен селектор и можат да стигнат далеку. Сепак, според мене фаворит број еден е Бразил, кој располага со фантастичен тим и стручен штаб. Многу работи зависат и од рехабилитацијата на Нејмар, но според мене Бразил е над сите репрезентации. Алисон ќе биде најдобар поединец на турнирот бидејќи е најдобар голман во светот, – изјавил Тоти.