Екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе треба да преговараат со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, доколку сакаат да го назначат Маурисио Почетино за свој нов ментор.
И покрај неговото разрешување пред повеќе од една недела, евентуалното ново назначување за Почетино би минало низ преговори со Леви, бидејќи Тотенхем има право на надоместок доколку Аргентинецот биде назначен од друг клуб.
Четириесет и седум-годишниот менаџер деновиве истакна дека е подготвен за нов предизвик откако ќе ги наполни батериите со кратка посета на своето семејство во Аргентина.
Главните кандидати за потписот на Почетино се сметаат дека се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми тврдат дека газдите на „топчиите“ го идентификувале стратегот како вистински кандидат за заменик Унаи Емери.
Јунајтед, од своја страна, веќе подолго време се поврзуваше со името на поранешниот ментор на Тотенхем, откако Оле Гунар Солскјер има сериозни проблеми оваа сезона.