Кристијано Роналдо минатата недела без никакви проблеми ги мина лекарските прегледи во Торино и експресно беше претставен како нов играч на Јувентус, но десетина дена по комплетирањето на стандардните процедури, „Беин Спортс“ ги проследи резултатите од кои се навистина неверојатни.
Во своите последните денови како играч на Реал Мадрид, Кристијано самостојно откри дека преку биолошки испитувања дознал дека неговото тело е 10 години помладо, а сега такво нешто потврдиле и лекарските прегледи во Јувентус кога е во прашање неговата физичка подготвеност.
Според сите параметри за физичка истрајност и максимално оптеретување на срцето, резултатите покажале дека Роналдо изгледа како 20-годишник, а исто така импозантно е тоа што 50 проценти од неговото тело има чиста мускулна маса, нешто што за негова 33-годишна возраст е неверојатно и незабележано кај ниту еден друг фудбалер. Дополнително, резултатите покажале дека Роналдо има само 7 проценти телесна маст, значително помалку за неговата природана возраст.
Овие податоци за физичката подготвеност на Роналдо го шокирале докторскиот тим на Јувентус, а дека Португалецот навистина се наоѓа во завидна атлетска форма ни докажа и тоа што ја достигна најголемата брзина при еден спринт на Светското првенство во Русија (33,98 километри на час).