Пејџ Спиранац не е само спортистка, но кога веќе ја сместуваат во таа категорија често го добива епитетот дека е најсексапилната спортистка на светот. Нејзината дисциплина е голф, а поради многубројни обожаватели таа станала и медиумска личност која сè почесто заработува благодарејќи на социјалните мрежи.
Атрактивната Пејџ е дефинитивно најпопуларната американска голферка и многумина ѝ предвидуваат успешна кариера. Натпреварите успешно ги освојува, но исто така успешно привлекува и голем број на следбеници.

Со нејзината појава плени големо внимание и на голф терените, но и надвор од нив.

Инаку, атрактивната Пејџ има потекло од Хрватска, а нејзината постара сестра и родители се исто така спортисти. 25 годишната Пејџ на социјалните мрежи докажува зошто ја нарекуваат најсексапилната спортистка на светот.

Убавата Американка слободното време го користи за да се одмори од секојдневните обврски на теренот, а дури и во тие ситуации ги воодушевува припадниците на посилниот пол.


