Лионел Меси доби суспензија и парична казна поради црвениот картон и коментарите што ги упати на адреса на судијата Марио Дијаз кој го исклучи од мечот против Чиле, одигран на Копа Америка.
Својот бес Меси го истури кон организаторот на турнирот, судиите ги нарече корумпирани, а одби да го земе и бронзениот медал.
Меси доби парична казна од 1500 долари и еден меч суспензија, казна која е многу блага во споредба со она што се очекуваше.