Стоилов со предупредување до соиграчите: Да не летаме во облаци

По бавниот старт на сезоната и неколкуте натпревари во кој делуваше доста невоиграно, Вардар започна да делува онака како што треба на теренот, а најдобар доказ за тоа се седумте последователни победи на исто толку одиграни натпревари.

Македонскиот првак ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со победа на гостувањето кај Кристијанштад, а оваа сабота на домашен терен во добра атмосфера ќе го пречека тимот на Мешков Брест кој навистина има свои квалитети и кој извлече реми во последната секунда на натпреварот кој се одигра во Скопје на крајот на минатиот месец.

Токму на ова предупреди капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, кој им порача на своите соиграчи да не летаат во облаци по одличната серија на резултати, и да одговорат на теренот со максимално залагање и добра игра.

– Се наоѓаме во добра позиција, играме добро, атрактивно, и се оди како што треба. Но, не треба да летаме во облаци, треба да бидеме мирни и приземјени и да го дочекаме Мешков со мирна глава. За првиот меч со нив во СЕХА лигата да докажеме дека беше лош ден. Очекувам да имаме полна сала и дека ќе се вратат навивачите за првиот меч во Лигата на шампионите, – порача Стоилов пред мечот кој се игра в сабота во „Јане Сандански“ со старт во 17:30 часот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e