Стоилов напушти спортска манифестација затоа што била двојазична

Македонскиот ракометен репрезентативец демонстративно ја напушти синоќешната манифестација „Спортист на годината“, која инаку за прв пат се одржуваше двојазично – на македонски иа албански.

Kапитенот на Вардар присуствувал како минатогодишен победник на изборот но предвреме станал и го напуштил настанот организиран од Агенцијата за млади и спорт.

Медиуми неофицијално известуваат дека пикерот се пожалил на двојазичноста во вибер-групата што ја имаат македонските ракометни репрезентативци кои имаат собир во истиот хотел каде што се организираше манифестацијата.

Спортистите-етнички Албанци како добитниците на наградите на присутните им се обраќаа и на албански јазик, а тоа не му се допаднало на Стојанче Стоилов кој реши пред време да си замине.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e