Србинот побарал специјална помош: Ѓоковиќ со необичен и несекојдневен метод ќе го брани приматот светски рекет број еден

Новак Ѓоковиќ доживеа неочекуван, но вртоглав пад на формата откако стигна до толку посакуваната титула на Ролан Гарос, турнир по кој едноставно беше елиминиран на сите три следни големи случувања, односно грен слемите во Лондон и Њујорк, како и Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Значителниот пад во играта беше проследен и со неколку повреди кои го оневозможија да се натпреварува на највисоко ниво, но сега најголемата закана за Србинот пристигнува од страна на Енди Мари кој е поблиску од било кога да го преземе првото место на АТП листата.

Мари влегува во завршните два турнири во сезоната (Париз и Лондон) со изгледни шанси да го детронизира Ѓоковиќ од местото светски рекет број еден, но ако Новак веќе најави дека ќе направи се за да не се случи тоа до крајот на годината, сега пристигна информацијата дека тој побарал несекојдневна и необична помош со цел да се задржи на врвот.

Ѓоковиќ побарал помош и совети од поранешниот тенисер и сегашен духовен тениски гуру, Пепе Имаз, човек кој го ангажирал Србинот во својот тим за да му помогне околу психологијата. Интересно е тоа што Имаз е човекот кој со својата филозофија „љубов и мир“ му помогнал на братот на Ѓоковиќ (Марко) од големата депресија во која западнал по прекинувањето на тениската кариера.

Имено, Имаз им помага на тенисерите кои се соочуват со проблеми давајќи им духовни совети пропратени со медитација и јога, третман кој веќе почнал да го практикува светскиот рекет број еден со цел да го задржи најпосакуваното место во светот на тенисот.

– Во суштина, сите сме во потрага по љубов, среќа и хармонија. За да ги пронајдеме овие три нешта, треба да воспоставиме врска со боженствената светлина, – изјавил Новак на последниот семинар на кој му правел друштво на својот најнов советник.

nole-guru

nole-guru1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e