Според италијански медиуми: Анчелоти и Наполи би можеле да се разделат во јуни

Карло Анчелоти сериозно размислува за опцијата да замине од Наполи на крај на сезоната, објавија дел од медиумите во Италија. Таквите пишувања ги потпрепуваат со резултати под нивото на клубот, очекувањата на навивачите и јавноста и недоволниот развој на тимот. Искусниот менаџер смета дека Наполи треба биде рамноправен ривал на Јувентус и на Интер за Скудетото, но тоа, се чини, нема да биде случај иако се минати само шест кола во сезоната. 

Наполи веќе има минус 6 бода од лидерот Интер, а проблем плус дојде и неубедливата партија (0:0) против Генк во Лигата на шампиони што е оценета како неуспех, имајќи ја предвид победата над Ливерпул во првото коло. Анчелоти е под договор со наполитанците до 2021 година.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e