Шпанскиот селектор Роберто Морено објави список од 24 фудбалери за натпреварите против Норвешка и Шведска во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Она што е впечатливо е дека Вилјареал дава повеќе репрезентативци од Барселона (Серхио Бускетс) и Реал Мадрид (Дани Карвахал и Серхио Рамос) заедно.
Меѓу повиканите го нема и младиот Ансу Фати, кој со деби за А тимот ќе ги отфрли дилемите околу изборот за која земја ќе игра. Младиот играч на Каталонците истакна дека ја одбрал Шпанија иако фаворит на татко му е Португалија, но за прва покана ќе мора да почека до наредната прилика за репрезентативни активности.