Дојде крајот на врската меѓу Марио Манџукиќ и Јувентус. Хрватскиот напаѓач повеќе не тренира со „старата дама“ и во очекување е на договор на сите детали околу неговиот трансфер во Милан.
Ситуацијата ја потврди и тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.
„Во договор со клубот, Марио повеќе не тренира со нас. Ако се промени нешто во неговиот договор со управата, јас сум отворен за разговор“, порача Сари.
Манџукиќ е без минутажа кај „црно-белите“ по доаѓањето на Сари, па логично е незадоволството кај фудбалерот. Низ медиумите се споменуваа неколку дестинации како можни наредни во кариерата на напаѓачот, но изборот најверојатно ќе падне на Милан.