Сити под притисок со Барса, Истанбул “ќе гори” против Наполи

Досегашните слаби игри во последните две кола од Лигата на шампионите и незгодниот распоред до крајот на групната фаза, го ставија Манчестер Сити под голем притисок пред реванш средбата со Барселона на стадионот Етихад.

Каталонците пред две недели на Ноу Камп славеа со резултат 4:0, иако, можеби не беа до толку подобри, ама факт е дека тоа им беше петта победа во петте меѓусебни средби во последните три сезони.

На Барселона и еден бод и е доволен за да обезбеди пласман во наредната нокаут фаза во Лигата на шампионите на Европа.

Во другата средба од групата, Борусија Менхенгладбах, која заостанува зад Сити само еден бод, го дочекува Селтик, и има реална шанса, со победа, во вторник да го завземе второто место во групата и да стекне психолошка предност пред наредното коло во кое го пречекува Манчестер Сити на својот стадион.

Во групите А и Д, скоро и да нема дилеми дака понатаму ќе поминат Арсенал и Париз сен Жармен, односно Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, така што фаворитите во преостанатите три кола ќе играат само за тоа кои ќе бидат први во групите, поради подобрата положба при ждрепката за нокаут фазата.

Во минатото коло, во групата Б, Наполи можеше многу да реши, доколку на свој терен го победеше Бешикташ, но беше непријатно изненаден со пораз од 2:3. Но, сега на ред е реваншот во Истанбул, каде домаќинот ретко губи, а Наполи мора да ја поправи грешката и да оди на победа.

Во “кавгата” на Турците и Италјаните, можеби ќе профитира португалската Бенфика, која на свој терен го пречекува Динамо од Киев, па со победа би останале во трка за едно од првите две места во групата, што би ги одвеле во следната нокаут фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e