Сисе започна кариера како ди-џеј, ќе „врти плочи“ во Белград

Сисе сега е ди-џеј, вечер ќе пушта музика во Белград
Белград, 9 ноември 2019 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Ливерпул и француската репрезентација, Џибрил Сисе, откако се повлече од активното играње фудбал, започна кариера како ди-џеј.

Тој вечерва ќе има настап во еден клуб во Белград. На српските новинари им рече дека би сакал да можеше уште да игра фудбал, но дегинитивно кариерата му е завршена.

„Со истата страст која ја имав кон фудбалот, се посветив на кариерата како ди-џеј, продуцент и консултант, како и во развојот на мојата модна линија. Им благодарам на сите за поддршката, мојот втор живот е почнат“ – рече Сисе.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e