Што го мотивира Новак Ѓоковиќ, кој освои сè во тенисот? Тој одговори на прашањето пред новинарите во Абу Даби, каде заврши на третото место на „Mubadala World Tennis Championship“.
„Мојата мотивација е да ги подобрам моите рекорди, не само да победувам во натпревари и турнири. Тоа е целта што ме тера да се натпреварувам. Да се биде професионален тенисер на највисоко ниво, треба да си поставувате цели секој ден, секој месец, секоја година“, призна Ноле.
Тој ќе ја започне сезоната 2020 со претставување на Србија на АТП Купот во Австралија.