Сепак нема да се игра без публика: Вашиот лик на трибините за 19 евра

„Останете дома и бидете на стадионот“, е мотото на кампањата што ја започна Борусија од Менхенгладбах. Германскиот бундеслигаш веќе објави дека продадел 5.000 места на трибините, на кои ќе биде поставен картонски лик на навивачот кој ќе плати 19 евра.

Јасно е дека поради ситуацијата со коронавирусот, сите фудбалски натпревари ќе продолжат без присуство на навивачите, а многу други популарни клубови би можеле да го следат примерот на Борусија.

-Учеството на навивачите е од голема важност. Ова е одлична идеја, изјави претставникот на навивачите Том Вајнман.

Комплетната постапка за купување на место за натпреварот се врши онлајн, а дел од парите ќе одат во добротворни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e