Селекцијата „Под 16“ години загуби од домаќинот Романија со (81:94), денеска следува дуелот со Израел…

Крајниот резултат не е реален одраз на настаните на теренот. Во текот на средбата двете екипи беа израмнети, и само нешто подобриот финиш им донесе на Романците стартен триумф.

Петар Бошаллски со 22. поени, и по четири скока и асистенции беше првото поентерско име во нашиот национален тим „Под 16“.

Три помалку реализираше Виктор Стојковски, а 13. поени додаде Ненад Благоевски.

Комплетната статистика од овој меч може да се види на следниот ЛИНК.

Денеска, од 15. часот, нашиот кадетски тим го чека пресметката со селекцијата на Израел, која наредното лето ќе ни биде противник на ЕП од Дивизијата „А“во Скопје.

Тој натпревар може да се следи на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e