Искусниот италијански фудбалски стручњак, Клаудио Раниери, се враќа во Серија А како нов тренер на Сампдорија. Екипата ја презема од дно на табелата и негова задача ќе биде опстанок во елитното друштво.
Раниери во минатото ги водеше Рома, Јувентус, Интер, Парма, Фиорентина, Наполи и Калјари, а завидна кариера има и во странство. Последен негов голем успех беше освоената титула во Премиерлигата со Лестер.
Нареден ривал на Сампдорија во Серија А, по репрезентативната пауза, ќе биде Рома.