Ракометниот репрезентативец на Србија, Новак Бошковиќ (29), извршил самоубиство во својот дом, пишува српски „Блиц“.
Бошковиќ, кој настапуваше за Србија на Европското првенство во 2016 година, а последен пат играше за романски Динамо Букурешт, си пукал во главата со пиштол кој го поседувал легално, гласат неофицијалните информации од Србија.
Мотивот за самоубиство засега не е познат, а кога тој го направил тоа, во станот била присутна неговата сопруга. Десниот бек сезоната 2017/18 ја мина во Романија, а претходно настапуваше во Израел, Унгарија и Словенија.