Европскиот првак Вардар излезе од топ 10 фаворити, според ЕХФ, за освојување на титулата во Лигата на шампиони. Ова доаѓа по двата пораза на „црвено-црните“ од Кил и од Веспрем во групата Б што се одразија и врз перцепцијата на ракометната јавност за нивните можности да останат на континенталниот клупски трон.
ЕХФ ја објави новата листа со фаворити за осовјување на европскиот трофеј, а на прво место е германскиот гигант Кил, а по него следуваат Барселона и ПСЖ. Место во топ-10 добија и Алборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо Букурешт.
Вардарци се на четвртото место во групата „Б“ со шест бода, колку што имаат и Веспрем и Монпелје со подобра гол разлика. Лидер е Кил со девет бода.