Само бод за Вардар, Шкендија стопи два бода негатива

Вардар освои само бод на гостувањето кај Шкупи откако одигра без голови 0:0 и загуби два бода од својата предност пред најголемиот ривал за титулата Шкендија.

Тетовци пак беа убедливи во Кратово каде го совладаа Силекс со 3:1, со головите на Стенио  и Ибраими (2). Силекс само го ублажи поразот преку Недељковиќ во 76. минута од средбата. Со ваквиот расплет, Шкендија има два бода помалку од Вардар, но и еден натпревар помалку што значи дека може да ја преземе лидерската позиција.

Пелагониското дерби му припадна на фаворитот Пелистер кој победи со 2:0 со погодоците на Бујчевски и Кардосо постигнати во вториот дел, а Победа му ја олесни работата на противникот откако Колевски заработи два жолти картони и исклучување уште во 18. минута.

На последниот натпревар, Ренова минимално со 1:0 ја совлада Брегалница, а стрелец на голот за три бода беше Нухи во 75. минута од пенал.

Табела: Вардар 22, Шкендија 20 (-1), Работнички 16, Пелистер 15, Ренова 15

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e