Францускиот фудбалски прволигаш Лион објави дека нов тренер на тимот е Руди Гарсија со кого потпиша двегодишен договор.
Гарсија на клупата на Лион доаѓа на местото на Силвињо, кој беше отпуштен минатата недела по низата лоши резултати. Управата на Лион разговараше и со други кандидати, се спомнуваше Лоран Блан, но со него не се постигна договор, бидејќи тој барал да се смени целиот стручен штаб, и сам да ги одбере соработниците.
Гарсија (55) се согласи да си донесе само еден помошник. Тој е поранешен тренер на Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома и Олимпик Марсеј.