Ниту во Русија, најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо не успеа да го прекине проклетсвото кое трае 12 години и ни во својот четврти Мундијал не успеа да постигне гол во нокаут-фазата.
Синоќа, Португалија беше елиминирана од Уругвај (2-1), а ѕвездата на Реал Мадрид не сакаше многу да зборува и истакна дека е рано за какви било заклучоци.
„Навистина не е сега време да зборуваме за фудбалери и селектори. Португалија и во иднина ќе биде селекција која ќе биде составена од фантастични фудбалери. Имаме спој на младост и искуство и токму поради тоа мислам дека селекцијата ќе остане моќна и во иднина“, вели Роналдо.
За Роналдо овој настап во Русија е негов четврти на Светските првенства, досега постигнал седум гола и стана вториот најдобар португалски стрелец, веднаш зад Еузебио кој има девет.