Роналдо наполни 35 години

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо денеска слави роденден. Португалецот наполни 35 години.

И покрај тоа што некои фудбалери на 35-годишна возраст веќе ја завршиле кариерата, Роналдо игра во врвна форма и е носител на играта на италијанскиот шампион. Претходно, тој играше и за Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Трикратен шампион е на Англија, двократен шампион на Шпанија, шампион на Италија. Пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Клупското светско првенство, двапати Суперкупот на УЕФА. Како дел од репрезентацијата на Португалија, стана шампион на Европа и победник во Лигата на нации. Пет пати ја има освоено Златната топка. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (128 гола на 168 натпревари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e