Големата фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо кој е вистински лидер како на португалската репрезентација така и на Реал Мадрид во свој стил објасни кој е неговиот наследник или пак како што е популарно денеска кој е следниот Роналдо.
Многупати медиумите често ги употребуваат познатите фудбалски имиња за да споредат одредени играчи со нив, па имаме турски Роналдо, македонски Роналдо, англиски Роналдо…
Кристијано пак има јасен став околу таа тема и за „Марка“ посочи дека никогаш нема има идентичен играч како него.
-Никој не може да биде Кристијано Роналдо, нема двојници. Следниот ќе биде тоа што треба да биде, но никогаш нема да биде ист. Тоа не може да се случи. Во Европа гледам многу таленти, ќе споменам неколку: Ренато Санчез, Андре Гомеш и Жоао Марио. Можат многу да се изберат, но јас ги споменав само Поругалците, но има доста играчи со голема капацитет во Европа. Драго ми е поради тоа, за тоа што тоа е доказ дека фудбалот ќе остане силен, -посочи напаѓачот кој пред неколку дена и официјално го продолжи својот договор со Реал Мадрид.