Роналдо ги шокираше фановите

Ѕвездата на Јувентус и еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина.

34 годишниот португалец изминатава деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење и одличната физичка подготвеност.

Во разговорот за ТВИ, Роналдо изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40 или 41 година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент. Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја“ – изјави Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e