Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјавил пред свои поранешни соиграчи дека не требал да го напушти Реал Мадрид, бидејќи само така ќе можел да продолжи да освојува „Златни топки“.
34-годишниот Роналдо го напушти Мадрид во 2018 година по 9 сезони со белиот тим, во кој четири пати ја освои највредната индивидуална награда.
Португалецот смета дека можел да ги однесе почестите во 2018 година и во 2019 година доколку бил во Мадрид, пренесоа медиумите во Шпанија.
Наместо тоа, наградата ја зедоа Лука Модриќ и Лионел Меси.